Безбедносните сили во Шведска уапсија петмина осомничени исламисти под сомнение за тероризам во врска со протестите по палењето на Куранот во јануари, соопшти денеска Шведската служба за безбедност (САПО).
– Претпоставуваме дека постојат меѓународни врски, особено со терористичката организација Исламска држава, изјави Сузана Трехорнинг, заменик-шефица на единицата за борба против тероризам на Сапо.
Петмината мажи беа уапсени во координирани операции во градовите Ескилстуна, Линкопинг и Штрангнас, информира таа.
Палењето на Куранот од десничарски политичар во Шведска во јануари предизвика проблеми со Турција, членка на НАТО.