Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, денеска изјави дека САД го поздравуваат, како што наведе, „договорот за нормализација на односите“ меѓу Белград и Приштина. Таа на Твитер напиша дека САД ги повикуваат двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски. „Го поздравуваме договорот за нормализација на односите меѓу […]
Напад извршен за време на Олимписките игри 2024 во Париз со беспилотни летала, кои сега се во центарот на вниманието и интегрирани во терористичкиот арсенал, се сценарио што сериозно го земаат предвид француските власти, ветувајќи одбранбен систем „без конкуренција“. „Тоа навистина сериозно го сфаќаме и работиме на тоа сценарио веќе подолго време“, изјави висок претставник вклучен во организацијата на ОИ 2024 […]
Единицата за безбедност на реките од синоќа трага по Милош М.(37), Ненад Т.(38) и Милан Н., кои синоќа околу 21 часот испаднаа од чамецот кај мостот Панчевац. Според првичните информации, само Мане К.(37) успеал да исплива од Дунав. Бил прегледан во Ургентен центар. Мане наводно дал изјава во полиција, но не можел да каже која […]
Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент одлучи да замине во Мариупол, украинскиот град уништен со бомбардирање, соопшти денеска Кремљ, додека украинските власти ја осудија посетата на рускиот лидер кого го нарекоа „меѓународен злосторник“. „Сето тоа беше многу спонтано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека не била планирана ниту обиколка на градот, […]
Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека од Охрид пристигнале добри вести и оти е направен уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. „Добри вести пристигнаа од Охрид во доцните часови. Косово и Србија направија уште еден чекор на патот кон нормализација на односите. Ова е клучно кога […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста во Белград објасни зошто вчера во Охрид не го потпишал Договорот и Анексот на имплементација за нормализација на односите со Приштина, порачувајќи дека Србија е подготвена да работи на негова иплементација до своите црвени линии, јави дописникот на МИА од Белград. Тој го прочита имплементацискиот анекс на […]
Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал низ заштитната ограда на неодамна изградениот автопат и паднал девет метри надолу во каналот. „Несреќата се случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите […]
Албанскиот премиер Еди Рама во врска со усогласувањето на Анекс договорот за нормализација на меѓусебните односи на Србија и Косово во Охрид, со посредство на ЕУ, изрази надеж дека нема да биде „уште една балканска измама“. „Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една […]
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на извори од јужнокорејската војска. „Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Источното Море“, соопшти војската во Сеул, користејќи го корејското име за Јапонско Море. Сеул од понеделникот спроведува воени вежби со Вашингтон. Маневрите на „Штитот на слободата“ треба да ја зајакнат соработката меѓу […]
Граѓаните на Црна Гора денеска избираат претседател на државата меѓу седуммина кандидати. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани. На изборите учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, од Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, […]