Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ синоќа соопшти дека прифатил ТВ дуел со кандидатот на Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, бидејќи тоа е можност да и „помогне“ на црногорската јавност со поголема сигурност да го избере својот пат и поглед кон иднината. Претседателските избори во Црна Гора ќе се одржат на […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до сонародниците, изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки. -Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го направиме тоа, рече Зеленски во ноќното видео обраќање. […]
Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Последната мерка за прекугранична контрола за Ковид-19 беше укината минатиот месец откако властите прогласија победа над пандемијата. Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба […]
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека нејзината влада се соочила со страшни обвинувања по неколкуте бродоломи на бродови со мигранти, но дека нејзината совест е чиста. Британските медиуми јавуваат дека Мелони изјавата ја даде откако беше доведена во прашање способноста на официјален Рим да спасува мигранти на море. Италијанската премиерка зборуваше за миграцијата и […]
Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска, за време на неговата посета на Словачка, изјави дека полесно ќе биде да се оправда влезот на Украина во Европската унија како економски, социјален и културен потег отколку воен, кога би била примена во НАТО. -Многу земји се согласуваат дека Украина треба да биде поканета во западниот блок што е […]
Советот на Европската унија денеска за уште шест месеци ја продолжи важноста на санкциите што им беа наметнати на одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Со одлука на Советот времетраењето на санкциите се продолжува до 15 септември 2023 година, а со овие рестриктивни мерки се опфатени 1.473 лица […]
Злосторствата од омраза во САД во 2021 година се зголемени за 11,6 отсто во споредба со 2020 година, а најчесто биле мотивирани од раса, етничка припадност или национално потекло, соопшти денеска ФБИ. Во својот нов извештај ФБИ соопшти дека бројот на пријавени инциденти од омраза се зголемил на 9.065 во 2021 година од 8.120 во […]
Велика Британија денеска ја означи Кина како предизвик за светскиот поредок што ја дефинира епохата, наведувајќи дека Русија и натаму останува „најакутна закана“. Официјален Лондон во најновата надворешнополитичка рамка наведе дека безбедноста на Обединетото Кралство зависи од исходот на војната во Украина. Британските медиуми наведуваат дека британската Влада во најновиот документ предупредува на продлабочувањето на […]
Тропската бура „Фреди“ во текот на викендот предизвика смрт на повеќе од 60 лица и повреди други десетици во Мозамбик и Малави, во вториот налет на истата бура што ја погоди јужна Африка во последниот месец. Светската метеоролошка организација смета дека бурата „Фреди“ е една од најсилните што некогаш биле регистрирани на јужната хемисфера и […]
Колапсот на американската банка во Силиконската долина -СВБ (SVB) не претставува директна закана за европскиот банкарски сектор, но неговите индиректни последици треба да се следат, предупреди денеска еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. -Мораме да ги следиме можните индиректни последици, но во овој момент мислиме дека тие не претставуваат значителен ризик, рече Џентилони. Европската централна банка […]