Објавена е снимка од камерите кои полицајците ги носеле на себе (body cam) при интервенцијата во училиштето во Нешвил каде се случило пукањето.
Во пукањето во ова приватно христијанско училиште загинаа шест лица, од кои три деца.
Напаѓачот е жена. Станува збор за поранешна ученичка на ова училиште, 28-годишната Одри Елизабет Хол, која се декларира како трансродова личност. Наводно, нападот го испланирала детално, имала детални скици од училиштето, а нејзиниот манифест и писмо во моментов ги анализира полицијата.
Одредени американски медиуми објавија дека мотив може да биде одлуката на државата Нешвил да им забрани на малолетниците да го менуваат полот.
Пукањето кое таа го почна траело 14 минути, по што пристигнала полицијата. Според нивната пријава, напаѓачот пукал и кон нив додека се приближувале, а погодила и едно од полициските возила.
На видеото може да се види како полицајците се соочуваат и пукаат во напаѓачот.
Nashville Police have released the bodycam footage and it cannot be stressed enough how remarkable this response was. These men are absolute heroes. pic.twitter.com/aOT8IJyH04
— Sara Gonzales (@SaraGonzalesTX) March 28, 2023