Папата Франциск денеска одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква со миса со кардинали во капелата Санта Марта во Ватикан. Роден во Аргентина, Франциск, кој има 86 години, стана првиот латиноамерикански понтиф на 13 март 2013 година, наследувајќи го Бенедикт Шеснаесетти, првиот папа во шест века што се повлече од светата столица. – Се […]
Бројот на жртви од разорниот земјотрес што минатиот месец ја погоди јужна Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.600 се странци, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Мехмет Нури Ерсој. „Повеќето од загинатите странци се наши сириски браќа и сестри“, рече Ерсој на прес-конференција во најтешко погодената провинција Малатија. Тој додаде дека работата […]
Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) соопшти дека е загрижена поради последиците од војната во Украина за украинските сирачиња и нивните врсници сместени во згрижувачки семејства. Организацијата ја повика Украина итно да го реформира својот систем за згрижување. „Војната покажа дека многу деца сместени во центри беа принудени во услови на гранатирање да бараат засолниште […]
Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат. Во споредба со некои од најголемите светски економии, годишната инфлација во САД лани достигна 8,7%, во Јапонија 2,5%, а најниската стапка е […]
Земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран денеска во југоисточниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 4 часот и 34 минути, бил во градот Путурге. Бил на длабочина од 10 километри. Во 5 часот и 13 минути е регистриран […]
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека на земјата и е потребна безбедност за да се развива. – Треба да ја модернизираме армијата за да ја направиме „голем челичен ѕид“, рече Си. Во својот прв говор откако беше формално избран за претседател трет пат по ред, Си ја повика Кина да ја зајакне националната безбедност. – […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го прими унгарскиот премиер Виктор Орбан на работна вечера, пред состанокот на Европскиот совет закажан за 23 и 24 март, соопшти Елисејската палата. „Макрон и Орбан ќе разговараат за поддршката за Украина, зајакнувањето на европската конкурентност, енергетските прашања и поддршката за европската одбранбена индустрија“, се вели во соопштението. Орбан, […]
Стотици летови се откажани денеска на неколку германски аеродроми поради штрајк на вработените, јави ДПА. Агенцијата посочува дека патниците преку аеродромите Берлин-Бранденбург, како и преку Хамбург, Хановер и Бремен во северна Германија, треба да бидат подготвени за значителни доцнења и откажани летови поради штрајкот. Во штрајкот, организиран од синдикатот Верди, учествуваат вработените од обезбедувањето и […]
Британскиот премиер Риши Сунак најави дека во контекст на „новите закани од Русија и Кина“ Обединетото Кралство ќе инвестира дополнителни пет милијарди фунти (5,6 милијарди евра) во својата одбрана. Според владино соопштение, дополнителните пет милијарди фунти ќе му бидат доделени на Министерството за одбрана во следните две години. Идејата е „да се обноват и зголеми […]
Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започнува посетата на Белград, како дел од подготовките за претстојната средба на лидерите на Србија и Косово во Охрид. Лајчак денеска во 14:30 часот ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, по минатонеделниот дводневен престој во Приштина, каде разговараше со премиерот […]