Белорускиот претседател Александар Лукашенко денeскa го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата. Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна. Досега смртната казна се применуваше за […]
Според литванските разузнавачки служби, Русија е способна да ја продолжи војната во Украина уште две години, пренесува ДПА. – Сметаме дека ресурсите што Русија ги има на располагање денес ќе бидат доволни за да води војна со ист интензитет како сегашниот уште две години, изјави денеска полковникот Елегијус Паулавициус, од литванската воена разузнавачка служба, при […]
Најмалку 14 мигранти загинаа, а 54 се спасени по потонувањето на брод со кој се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат туниските власти. Бродоломот се случил вечерва во близина на брегот на Тунис, недалеку од тамошниот регион Сфакс. Бродовите на крајбрежната стража спречија 14 други бродови со вкупно 435 мигранти да го преминат Средоземното Море. […]
Турција денеска во Брисел потври дека Шведска и Финска презеле конкретни чекори на барањата на Анкара во однос на исполнувањето на условите за пристапување во Алијансата и дека трите земји повторно ќе одржат средби, изјави главниот шведски преговарач во процесот на пристапување во НАТО, Оскар Стенстром. -Видовме дека Турција призна дека Шведска и Финска презедоа […]
Нуклеарната централа во Запорожје, најголемата централа од овој тип во Европа, попладнево повторно е приклучена на електромрежата соопшти компанијата за пренос на електрична енергија „Укренерго“. Централата во Запорожје во поголемиот дел од денот работеше на дизел генератори, бидејќи, како што соопштија украинските власти, далноводите биле оштетени во денешните руски ракетни напади. Најмалку пет лица загинаа […]
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16 часот и 5 минути ја погоди Италија, пренесе АНСА. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил четири километри оддалечен од градот Умбертид. ЕМСЦ, исто така, посочи дека епицентарот на ударот бил на длабочина од десет километри. Засега нема информации […]
На заедничка свечена седница на двата дома на Парламентот во замокот Храдчани во Прага, новиот чешки претседател, генералот во пензија Петр Павел (61) денеска положи заклетва и го започна петгодишниот мандат. -Излеговте на избирачките места за да кажете доволно за хаосот и да го отворите патот на волјата заедно да бараме решенија. Благодарение на вас […]
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Џо Бајден утре во Вашингтон можат да го објават почетокот на преговорите за слободна трговија меѓу Европската унија и САД, што ќе ги ублажи и тензиите меѓу економиите на двете страни, пишуваат медиумите повикувајќи се на американски и европски претставници. Во центарот на спорот […]
Бројот на лица кои без државјанство престојуваат во Германија двојно се зголеми по бегалскиот бран во 2015 година, соопшти денеска Федералниот завод за статистика во Визбаден. „На крајот на 2022 година во централниот регистар на странци се евидентирани 29.455 лица без државјанство. Ова е двојно повеќе од пред бранот мигранти во 2015 и 2016 година“, […]
Тројца рудари денеска загинаа во хаварија во рудник за поташ (сол) во североисточна Шпанија, соопшти регионалниот синдикат на УСОК. Хаваријата во рудникот во градот Сурија се случила непосредно пред 9 часот по локално време, на околу 900 метри под земја, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали. „Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на […]