Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) објави дека е „длабоко загрижен“ поради нацрт-законот за азил што го претстави владата на Велика Британија. Во соопштението на УНХЦР се посочува дека законот, во неговата сегашна форма, „го принудува британскиот министер за внатрешни работи да одбие пристап до системот за азил на Велика Британија на оние кои […]
Универзитетот Оксфорд објави дека од 7 април на академските работници кои имаат каква било одговорност со луѓе кои сѐ уште се студенти, ќе им биде забрането да стапуваат во интимни односи со тие лица. Во соопштението објавено во „Тајмс“ се вели дека наставниците и професорите „ќе бидат строго обесхрабрени“ да влегуваат во каков било близок […]
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека планира да се сретне со претседателот Џо Бајден во САД по неговото патување во Индија оваа недела. Неговата изјава доаѓа во време на шпекулации дека лидерите ќе дадат изјава за плановите на Австралија за изградба на нуклеарни подморници. Албанезе не даде многу детали за патувањето во САД, само […]
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска пристигна во Киев со надеж дека ќе добие продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за извоз на жито склучен минатото лето, со што ќе се избегне глобален недостиг на еден од основните прехранбени производи. Договорот, склучен на 22 јули минатата година под покровителство на ОН и Турција, […]
Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени откако патнички воз излета од шините северно од Каиро, соопштија египетските власти. Возот излетал од шините додека минувал низ станицата Каљубу на пат кон градот Менуф во делтата на Нил, се наведува во соопштението на државното обвинителство. Покрената е истрага за причините за несреќата. Најмалку 20 возила […]
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ќе се повлече од функцијата овој месец, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА. Прајс е на функцијата од јануари 2021 година. Тој ќе остане во одделот и ќе работи директно со Блинкен. За време на администрацијата на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, брифинзите за печатот на […]
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Шведска, ја истакна потребата од дополнителна воена помош за Украина, јави ДПА. – Беше разговарано за итната потреба за зголемување и одржување на поддршката, изјави Столтенберг по разговорите со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Стокхолм. Според него, […]
Низа протести и собири ќе се одржат денеска во Атина, но и во останатите грчки градови во рамките на 24-часовен штрајк што го закажаа грчките синдикати поради железничката несреќа со 57 жртви. Штрајкот го закажа синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ), соопштувајќи дека неколкучасовниот прекин во работата за одбележување на Меѓународниот ден на жената, […]
Во зградата на главната дирекција на руското Министерство за внатрешни работи во Москва денеска избувна пожар, изјави за ТАСС извор од безбедносните служби. – Пожарот изби на третиот кат во Министерството, на улица Петровка бр. 38, петта зграда, вели изворот. Над зградата се издигнал густ чад, а според првичните информации пожарот зафатил градежни материјали лоцирани […]
Европскиот совет денеска одлучи да воведе рестриктивни мерки за поединци и ентитети, имајќи ја предвид нивната улога во спроведувањето на сериозни прекршувања и злоупотреба на човековите права, особено сексуалното и родовото насилство. „Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, преминуваме од зборови на дело. Каде и да се случи, ќе се бориме и ќе ги […]