Европскиот совет го усвои заклучокот за Дијалогот Белград – Приштина

Во заклучоците од првиот ден од Самитот, лидерите на Еверопска Унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина, како и анексот за имплементација, што беше постигнат преку Дијалогот што го водеше високиот претставник на ЕУ.

Во заклучоците по средбата, во точката број 25, што се однесува на Белград и Приштина, е наведено дека договорот е постигнат како составен дел од нивниот европски пат. Двете страни се повикани да ги спроведат своите обврски целисходно и со добра волја.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека договорот постигнат во Охрид ќе биде составен дел на европскиот пат меѓу Белград и Приштина.

Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, како и оти ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Приштина.

Во Охрид, каде што на 18 март се одржа средба во рамките на Дијалогот меѓу Белград и Приштина, Борел најави дека ќе ги извести министрите за дискусиите што се воделе и дека истото ќе го стори и на Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *