ЦИК на Албанија распредели средства за политичките партии за 2023 година, Бериша остана со празни раце

Албанската Централна изборна комисија (ЦИК) распредели средства на партиите за 2023 година, врз основа на бројот на пратеници во Собранието по изборите во 2021 година.

Социјалистичката партија е политичката сила која добива најголем фонд, односно 151.494.783 лека.

Потоа следува Демократската партија со фонд од 106.661.181 лека, додека третото место го зазема Партијата на правдата, интеграцијата и единството со 9.753.567.

Партијата на слободата, поранешно Движење за Социјалистичка интеграција, за партиски активности за годинава добива 15.577.215 лека.

Сали Бериша не добива средства иако има неколку пратеници во својата група.

Поради длабоката поделеност меѓу демократите во овој случај парите одат на сметката, со која, како и печатот и логото ги користат приврзаниците на Енкелеј Алибеај, кого судот го призна за лидер на партијата.

Од друга страна на Сали Бериша и приврзаниците иако во групата има и дел од пратениците, останува без средства. Ним им останува партискиот објект во кого насилно влегоа и го запоседнаа.

Во петок ќе биде распределен уште еден буџет од 100 милиони лека, конкретно за изборната кампања за мајските локални избори.

И од овој фонд Бериша нема да добие дел, бидејќи не е регистриран за изборите а неговите кандидати настапуваат под логото на Партијата на слободата во изборната коалиција „Заедно победуваме“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *