Еден загинат при превртување на минибус со мигранти во Грција

Едно лице загина, а три тешко се повредени во североисточна Грција кога минибус полн со мигранти се превртел, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА.

Не е јасно зошто минибусот се превртел. Возачот, кој е осомничен за шверц на луѓе, оттогаш исчезнал.

Дванаесет од мигрантите во автобусот се неповредени.

Возилото се движело од турско-грчкиот пограничен регион кон западна Грција, велат полициски извори – вообичаена рута што ја користат шверцерите на луѓе.

Многу мигранти се обидуваат да стигнат до централна и западна Европа или Италија со помош на шверцери без да се регистрираат во Грција.

Според мигрантите, шверцерските банди наплаќаат до 7.000 евра (7.400 долари) за организирање на такви патувања. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ