ФОТО: Ова е целата листа, најмалку 63 лица спасени помеѓу 141 и 209 часа во Караманмараш

И покрај се помалите шанси за преживеани, спасувачките акции во Турција не запираат. Осум дена по катастрофалниот земјотрес во Турција од под рушевините се уште се слушаат гласови за помош.

Екипите не се откажуваат, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека спасувачката работа ќе продолжи се додека не се спаси и последниот човек од под урнатите згради.

Агенцијата Анадолија објави фотографија на која се прикажани лицата кои се спасени во местото Караманмараш во чија близина беше епицентарот на земјотресот.

Според податоците на агенцијата, најмалку 63 лица биле извлечени од урнатините помеѓу 141 и 209 часа поминати под рушевините во Кахраманмараш. Од нив најмалку 23 се деца до дваесет годишна возраст, додека највозрасниот спасен во овој период има 64 години.

Според најновите информации кои ги соопшти денеска Ердоган во земјотресот во Турција животот го загубија најмалку 35.418 лица, додека вкупно 13.208 повредени сè уште се лекуваат во болница.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *