ГИ ПРЕГРНАЛА РОДИТЕЛИТЕ И СКОКНАЛА – маж и жена живи изгореа, додека нивната ќерка се уште не знае дека останала без нив (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во Мексико во саботата се запали балон со топол воздух, при што загина брачен пар, додека нивната ќерка го преживеала падот. Пожарот избувна во близина на древниот град на Ацтеките, Теотихуакан.

По избувнувањето на пожарот, балонот се урнал на земја, пишува Мексико Дејли Пост.

На социјалните мрежи се појави морничаво видео на кое се гледа како балон гори на речиси 100 метри над земјата.

На почетокот на видеото се гледа како едно лице скока од кошот обидувајќи се да се спаси, а цело време се слушаат застрашувачки и заглушувачки врисоци.

Esto es una tragedia, Teotihuacán nuevamente resaltando pero no por cosas buenas, globo aerostático se incendia y provoca esto. pic.twitter.com/IMFn4JTihl

— Yeik Morales no sabe que poner. (@yeikmorales) April 1, 2023

На местото на настанот, во близина на познатата пирамида на Сонцето, биле испратени екипи за итна помош и пожарникари.

Полицијата неофицијално откри дека причина за несреќата најверојатно е поради проблем со системот за складирање гориво.

Рејна се уште се наоѓа во болница и не знае дека останала без родители.

Нејзината баба изјавила дека тоа било роденденски подарок за неа и дека сите заедно сакале да летаат со балон.

 

 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *