ХОРОР ВО ИРСКА: Пронајдено тело на човек кој починал пред 20 години, доказ е еден важен детаљ во напуштената куќа

Во округот Корк, Ирска, работниците кои расчистуваа напуштена куќа открија скелет за кој постои сомневање дека лежи во креветот на куќата 20 години. За тоа колку долго никој не влегол внатре, сведочи фактот што во фрижидерот имало путерот чиј рок на траење бил до 2001-ва година.

Шокираните полицајци, кои се упатиле на терен, ја опколиле целата област околу еднокатната куќа, додека пожарникарите ги извадиле посмртните останки во мртовечницата на Универзитетската болница во Корк, јавува „Ајриш Мирор“.

Патолозите велат дека е речиси неверојатно телото да лежело во куќата неоткриено две децении.

-Тешко ми е да замислам. Но, тоа се случи порано во други градови и села. Големата работа сега е идентификацијата, за тоа ќе биде потребно време. Може да биде секој, велат тие.

Инспекторите се надеваат дека стоматолошката евиденција ќе го потврди идентитетот на лицето. Тажно е што постои семејство кое можеби ја барало оваа личност.

Полицајците извршиле интензивни увиди од врата до врата за да се обидат да дознаат каква било информација за лицето чие тело е пронајдено во куќата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *