Христијан Мицкоски е нов премиер, Македонија ја доби 20. Влада

Мнозинството на пратеници во Собрание дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од Христијан Мицкоски. По вечерашното гласање, тој е нов премиер на Македонија, а за време на свечената заклетва во законодавниот дом, тој го изговори уставното име на државата Северна Македонија.

Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на земјата.

По изборниот резултат на 8 мај, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги избра коалицијата ВЛЕН и Движењето ЗНАМ за владини партнери.

Новата влада ќе има 4 министерства повеќе од сегашната. Владата на „Мицкоски“ ќе има 5 вицепремиери, од кои еден прв вицепремиер. ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 15 ресори, 6 министерства се на ВЛЕН и 2 на ЗНАМ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ