Со посебни потреби се, но секој ден се собираат заедно на трпеза за време на ифтар почитувајќи ги сите верски правила.
Повеќето не можат да постат. Но, желбата кај нив е голема…
Потоа следеше забавниот дел, игри и активности, но најмногу им се допаѓа да танцуваат и да се дружат.
Претседателот на здружението Заедно можеме, Шпенд Салија поголемиот дел од времето го поминува со ангелите, како што ги нарекува.
-Убаво чувство за ифтар бидејќи има и деца кои не постат, но никогаш не почнуваат пред време. Кога ќе видат дека се повикува Езан иако не постат, го знаат правилото дека треба да чеката и потоа почнуваат сите заедно. Човекот душата ја храни со добри нешта и да правиш ифтар заедно со овие ангели е нешто божествено, изјави Шпенд Салија од центарот „Заедно можеме“.
Шпенд не е сам во оваа мисија. Му помагаат и неговите две мали ќерки кои еден ден сакаат да бидат нивниот татко.
Меѓу другото Шпенд вели дека во текот на овој свет месец, секој ден добиваат храна од хумани луѓе кои испраќаат и многу донации. Целта на здружението „Можеме заедно“ е интеграција на децата во општеството и подобрување на квалитетот на нивниот живот.