Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Претседателски избори 2024

Карванот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска во Струга

Објавено: · 1 мин читање
Карванот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска во Струга

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски кампањата денеска ја продолжува во Охридско – струшкиот регион.

Активностите Пендаровски ги почнува попладнево во с. Белчишта, Дебрца, по што ќе се сретне со жителите на Вевчани.

Во 18:30 часот почнува митингот на Пендаровски во Струга кој ќе се одржи на платото пред Центарот на културата „Браќа Миладиновци“.

Централниот митинг на Пендаровски денеска ќе се одржи во Охрид во 20:00 часот во паркот позади хотел „Палас“ на градскиот кеј.

Mитингот во живо ќе се пренесува на фејсбук страната на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.