Касами: ДУИ преку своите шеми ноќе убива Албанци, дење жали по нив, за среќа ВЛЕН е тука да се грижи со воведување закон за правична и соодветна застапеност!

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами вечерва на својот Фејсбук профил објави реакција на прес конференцијата на ДУИ.

Според него, ДУИ преку своите шеми ноќе убива Албанци, дење жали по нив.

„Тоа се случува и во континуитет, дискриминирајќи ги Албанците преку механизми кои не се соодветно приспособени, како во случајот со балансерот. Но, за среќа, ВЛЕН е тука да се грижи за Албанците со воведување закон за правична и соодветна застапеност! Едноставно и јасно ВЛЕН го покрива срамот на ДУИ која како фасада ги „среди“ прашањата на Албанците!“, вели Касами

ОСТАНАТИ ВЕСТИ