Киев: Русија ги засилува трупите на неколку позиции на фронтот

Непосредно пред годишнината од руската инвазија врз Украина која ќе се одбележи в петок, Киев соопшти дека руската армија ги зајакнува своите различни позиции на фронтот.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека тоа сугерира дека се неизбежни нови напади.

Руските сили ги фокусираа своите главни напори за засилување „на офанзивните операции во правците на Купијанск, Лиман, Бахмут, Авдиевка и Шахтарск“, се вели во вечерашното соопштение на украинската воена команда.

Тешки борби продолжуваат особено околу Бахмут, се наведува во соопштението и се додава дека со помош на воздушно извидување, руската војска се обидува попрецизно да ги координира артилериските напади.

Руски напади се одбиени во близина на Авдиевка и Шахтарск, соопшти Генералштабот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *