Малолетна девојка загина, седумгодишно дете тешко повредено во несреќа на патот Битола – Прилеп

Седумнаесетгодишна девојка го загубила животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола–Прилеп.

Тешко се повредени уште три лица, меѓу кои и седумгодишно дете, соопшто Министерството за внатрешни работи (МВР).Судирот се случил кај местото наречено „Туланата“, вчера, околу 18.30 часот.„Сообраќајната несреќа е меѓу патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(28) од с.Канатларци, прилепско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(48) од с.Долно Српци, општина Могила.

На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола“, соопшти МВР.

Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди. Со повреди се здобил и возачот М.Н.

Синоќа се случила уште една кобна сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје, кај Агино Село при што загинаа две лица, а три се повредени.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ