„Њујорк Тајмс“: САД испраќаат муниција за Украина од складишта во Израел

САД испраќаат за Украина муниција што е складирана во Израел, објави денеска весникот „Њујорк Тајмс“.

Британските медиуми добија потврда на веста од израелски функционер, појаснувајќи дека операцијата била одобрена од поранешниот премиер Јаир Лапид, иако на САД не им треба официјално одобрение.

Пентагон со децении чуваше муниција во магацини во Израел во случај на војна или за да им помогне на другите американски сојузници.

Според „Њујорк Тајмс“, минатата година Вашингтон одлучил да испрати во Украина околу 300.000 артилериски гранати од 155 милиметри. Околу половината од оваа муниција е испратена во Европа, од каде ќе биде испратено во Украина, пишува весникот.

-Американската опрема што беше складирана во Израел пред неколку недели, на нивно барање, беше предадена на вооружените сили на САД, изјави портпаролот на израелската армија.

Амбасадата на САД во Израел засега не излезе со коментар.

Украинскиот амбасадор Евгениј Корничук за британските медиуми телефонски изјави дека не знае дали извештајот на весникот е вистинит. Од руската амбасада, исто така, немаа коментар.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *