ОБЛАК СО ПРАШИНА ОД САХАРА СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде мачно, спарно и тешко!

Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури до околу, а можно е и над 30 степени.

Нов облак од прашина и песок од Сахара доаѓа над Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија во недела и во понеделник, придружен со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина и од над 60 км/час).

Токму поради ова, aтмосферата повторно ќе биде многу заматена, а времето ќе биде многу мачно, спарно и тешко, што секако особено лошо ќе се одрази врз метеопатите, најави метео-прогнозерот Славчо Попоски.

Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури до околу, а можно е и над 30 степени.

Со ова температурите ќе бидат дури за 10 до 15 степени повисоки од нормалните.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ