Османи: Фиксни квоти за млади во политиката

Кандидатот на ДУИ за претседател Бујар Османи денеска се сретна со млади лица од Тетово. Им беше ветена многу поголема посветеност со цел да станат дел од одлучувањето и да се создадат услови за задржување на младите во својата земја.

„Претседателот прво ќе иницира воспоставување на фиксни квоти на возраст од 18 до 27 години за да бидат ставени на листите за пратеници. Ќе побарам во секоја комисија што креира државни политики, во секое министерство, во секоја локална и централна власт, да се утврдат квоти за млади од 18 до 27 години со цел да бидат таму со младинските перспективи уште од нивниот почеток“, рече Бујар Османи, претседателски кандидат на ДУИ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ