“ОУ МУРАТ ЛАБУНИШТА” ОГЛАС ЗА УПИС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНА 2024/25 ГОДИНА

  1. Уписите на ученици во прво одделение ќе се вршат во период од 13.05.2024
    заклучно со 31.05.2024 година.
  2. Законски обврзници за запишување во прво одделение, се деца родени од
    01.01.2018 до 31.12.2018 година.
  3. По исклучок од точка 2 на овој оглас во прво одделение може да се запише дете
    кое ќе наполни 6 години старост најдоцна до 31.01.2025 година, но по
    претходно барање од родителот/ старателот и добиено мислење од психологот и
    педагогот во училиштето.
  4. Потребни документи за упис во прво одделение:
    – Пополнета пријава за упис во училиштето
    – Извод од матична книга на родени /оригинал или копија
    – Медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од
    надлежна установа
    – Потврда за  извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна
    установа
    – Потврда за извршен офтамолошки преглед-очен преглед
    – Документите  заедно со пријавата се доставуваат во училиштето во период од
    13.05.2024 до 31.05.2024 секој работен ден од 8 до 12 часот или по електронски
    пат преку апликација uslugi. gov.mk
    – За  запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно
    старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата
    за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и
    здравствена поддршка според МКФ.
    – Образецот на пријава може да се добие од училиштето во печатена форма.
    – Со непотполна документација детето нема да може да биде запишано во
    училиштето

в.д.Директор
Ајша Реџеп

ОСТАНАТИ ВЕСТИ