Петмина загинати во Хрватска: убиец упаднал во Дом за стари лица и почнал да пука

Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска, јавува mojportal.hr.

Маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а некои се уште се на лекување. Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафуле во Дарувар.

Сирените на сите можни служби за итна помош ѕвонат во градот Дарувар.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ