Победи на Јувентус и на Астон Вила на стартот на новиот формат во ЛШ

Екипите на Јувентус и на Астон Вила, имаа победнички старт во новиот формат во Лигата на шампионите, откако во првите натпревари ги совладаа ПСВ на домашен терен, односно Јанг Бојс на гости.

Јувентус ја оправда фаворитската улога против ПСВ, и славеше со 3-1. Прекрасен погодок постигна Кенан Јилдиз, кој во 21. минута го откри резултатот. Следуваше и голот на Вестон МекКени во 27 минута, по една супер акција. Во вториот дел Николас Гонзалeз погоди исто така по акција, за да стави печат на победата на „Старата Дама“.

Ако Јувентус ги искористеше шансите, можеше да слави и со поголема разлика, но на крајот ПСВ само намали и преку Саибари постигна почесен гол.

Астон Вила со истиот резултат го совлада тимот на Јанг Бојс на негов терен. Исто така на полувреме беше 0-2, а во вториот дел постигнаа уште еден гол за целосен „потоп“ на Швајцарците.

Тилеманс во 27. минута го откри резултатот, а Ремзи во 38 минута зголеми на 0-2 за англискиот тим. Онана во 86. минута од средбата го постави конечниот резултат.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ