Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Спорт

Почина поранешниот голман Дејан Костуранов

Објавено: · 1 мин читање
Почина поранешниот голман Дејан Костуранов

Жална вест од Србија ја потресе фудбалската јавност во Македонија вечерва. Дејан Костуранов, поранешниот голман на Македонија ЃП, Вардар, Силекс, Скопје, Охрид и Еуромилк почина на 38-годишна возраст.

Тој ја извршуваше функцијата тренер на голманот на аматерската репрезентација на Србија, а исто така беше и дел од стручниот штаб на Раднички Ратково.

По завршувањето на професионалната кариера во 2016 година, Костуранов се преселил во Србија со своето семејство.

Последниот ангажман го имаше пред два дена кога на квлаификацискиот турнир во Стара Пазова, со аматерската селекција на Србија обезбеди палсман меѓу осумте најдобри селекции.