Прегазена жена во Струга, итно е пренесена во болница

На 06.01.2024 во 12.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Струга, на кружниот тек од ул.„ЈНА“ со ул.„Маркс Енгелсова“, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице(46) од Струга, удрило во пешакот З.Н.(62) од Струга.

Во несреќата З.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ