Расте бројот на загинати во невремето во Нов Зеланд

Расте бројот на загинати во невремето во Нов Зеланд

Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд денеска се искачи на 11, а неколку илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати, откако невремето го погоди Северниот остров во земјата.

Циклонот го погоди најсеверниот регион на Нов Зеланд на 12 февруари и се спушти долж источниот брег, предизвикувајќи голема штета. Премиерот Крис Хипкинс ја нарече Габриел најголемата природна катастрофа на Нов Зеланд овој век.

Полицијата денеска соопшти дека е потврдена смртта на уште две лица во тешко погодениот залив Хок.

Хипкинс изјави дека е можно да има повеќе жртви бидејќи 6.431 лице се водат за исчезнати, додека 3.216 се пријавени како безбедни.

Нарушен е синџирот на снабдување, што предизвика проблеми во испораката на стоки. Уништени се бројни посеви, а 28.000 домови сè уште се без струја.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy