Руската полиција апси противници на инвазијата врз Украина

Руската полиција ширум земјата денеска апсеше осамени демонстранти кои, на годишнината од руската инвазија врз соседна Украина, со антивоени слогани и метафорични гестикулации го изразуваа своето противење на војната, известуваат руските медиуми и организациите за заштита човекови права.

Во четвртиот по големи руски град Екатеринбург беа уапсени најмалку осум лица, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите на политичката репресија, јави организацијата за правна помош ОВД-Инфо.

Според оваа НВО, две лица биле уапсени и во Санкт Петербург поради положување цвеќе на споменикот на украинскиот поет Тарас Шевченко.

Во сибиррскиот град барнаул уапсаени биле пет лица, меѓу кои и маж кој на централниот плоштад носел плакат „Престани да молчиш“, јави локален портал.

Медиумите објавија и дека една жена е уапсена во градот Комсомолск, на Амур, затоа што држела транспарент: „Жал ни е, прости ни, ја уништивме сопствената земја“.

Русите од цела Русија протестираа само во текот на првата недела од војната во Украина, а тие големи протестни собири набрзо згаснаа бидејќи илјадници луѓе беа уапсени. Меѓутоа, и натаму, до ден денес, има по некој индивидуален израз на несогласување со војната и индивидуални апсења.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *