Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно, но не би било „паметно“ за Киев да го користи оружјето кое го добива за да ја нападне руската територија, објави Ројтерс.
Во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ, Шолц рече дека испраќањето авиони во Украина за борба „моментално нема логика“.
На почетокот на месецот Германија одобри испраќање тенкови „Леопард“ во Украина.