Тројца ученици од нашето училиште, кои оваа учебна година го понесоа признанието првенец на генерација, денес беа наградени со признанија и ваучери од Општина Струга за нивниот извонреден успех, посветеност и континуиран труд во текот на образованието.
Меѓу наградените се Алдин Халили, Ејлем Кариманоска и Јован Зафироски од Подрачното училиште во Бороец.
Признанијата и ваучерите ги доделија Општина Струга и градоначалникот Менди Ќира, како знак на признание за постигнатите резултати и поттик за нивниот понатамошен образовен развој.
Од училиштето упатија искрени честитки до учениците, посакувајќи им многу здравје, успех и нови достигнувања во понатамошното образование.
Нивниот успех претставува гордост за училиштето, нивните семејства и целата локална заедница, а воедно е и инспирација за идните генерации ученици.
