Автобус со седум патници заврши во брана во Турција, откако возачот изгубил контрола над возилото. Тројца луѓе се примени во болница, но не се во животна опасност, јави Би Би Си.
На видеото се гледа како автобусот се полни со вода, а патниците се обидуваат да се спасат од водената стихија.
Несреќата се случи во средата на пристаништето за траект Атабеј во источна Турција. Според локалните медиуми, мештаните веднаш дошле на помош, ги искршиле стаклата на возилото и извлекле неколку преплашени патници.
Противпожарната служба набрзо пристигнала на местото на настанот и спасила десет патници, објави „Daily Mail“.