Таравари: На нашите списоци нема обвинети од СЈО, ниту лица од црните листи

Таравари: На нашите списоци нема обвинети од СЈО, ниту лица од црните листи

Кандидатот за претседател од албанската опозиција, Арбен Таравари, во рамките на кампањата реализираше активност за Меѓународниот ден на спортот. Тој исто така зборуваше за ветингот. Рече дека е подготвен да го потпише уште денеска барајќи и од останантите противкандидати да го сторат истото.

„До ден денес во Парламентот нема ниту нацрт-верзија за ветинг на сите политичари, но и на сите функционери. Посакувам и се надевам дека не утре, туку денеска да го потпишеме ветингот. Знам дека бидејќи нашите листи на ‘Вреди’ се веќе доставени за овие парламентарни избори. Колку што знам таму нема некој кој е обвинет од СЈО, ниту пак лица од црните листи“, рече Арбен Таравари, Кандидат за претседател.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ