Среда, 11 ноември 2026 среда, 11 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Македонија

УХМР најавува силен ветер во петок и заладување за викендот

Објавено: · 1 мин читање
УХМР најавува силен ветер во петок и заладување за викендот

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре и во петок ќе биде релативно топло, со температури значително над просекот за овој период од годината. Во петок се очекува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на места ќе надминува 80 километри на час.

Од сабота, поради продор на постудена воздушна маса од север, температурите ќе почнат да опаѓаат.