Универзитетот AUE-FON ја започна кампањата Scouting the Most Capable

Универзитетот АУЕ-ФОН со гордост ја објавува својата најнова регионална кампања „Ги бараме најдобрите“, чија цел е да постави повисоки стандарди и да ги поттикне средношколците да го откријат својот потенцијал. Оваа иницијатива, спроведена во соработка со едни од најголемите светски компании како што се ThriveDX, Falkor.ai, Joint Circle, Bertone Design Milano, ги поканува средношколците од регионот да ги покажат своите таленти и вештини во средина која поттикнува раст и извонредност.

Во свет каде што владеат иновациите и креативноста, „Ги бараме најдобрите“ обезбедува платформа за идните студентите да блеснат. Без разлика дали имате страст за графички дизајн, мултимедија, мода, право или политички науки, архитектура, безбедност, е-гејминг, блокчејн, сајбер безбедност, јазици, економија или спорт оваа кампања нуди можност за личен и академски развој како ниедна друга.

Во својата срж кампањата отелотворува длабоко верување во вродениот потенцијал на секој студент. Преку извонредните искуства, справувањето со предизвиците од реалниот свет и работењето со искусни експерти, учесниците се подготвени не само да ги усовршат своите вештини, туку и да добијат непроценливи искуства кои ќе ги обликуваат нивните идни кариери.

За повеќе информации и за аплицирање отворен е посебен вебсајт (www.themostcapable.mk) каде што идните студенти може да аплицираат и да се изборат за својата иднина. 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ