Од Хидрометеролошкиот завод предупредуваат за утре големо невреме во Македонија.
„Утре нашата земја ќе се наоѓа во портокалово ниво на опасност од невреме“, велат од УХМР.
Ова е временската прогноза за утре:
„Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени. УВ=7 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град“.