ВИДЕО: Чудата во Турција продолжуваат, по повеќе од 10 дена спасена жена

Спасувачите успеале да спасат жена на возраст од 42 години по Кахраманмараш, 257 часа по земјотресот, јавува Анадолија. Како што се наведува, станува збор за Неслихан Килиќ (30).

Пред да го слушнат нејзиниот глас од урнатините, нејзиниот зет рекол дека почнал да и’ подготвува гробно место.

-Им кажавме на спасувачките екипи да ја прекинат операцијата, бидејќи ќе ги распарчат телата. И тогаш го слушнавме нејзиниот глас, рекол зетот на спасената жена.

Благодарение на работата на тимот, младата жена била извлечена жива од урнатините и однесена во болница.

Претходно спасувачите спасија 17 годишно девојче по поминати 248 часа под рушевините.

In yet another miraculous rescue, a woman was found alive in the rubble after 257 hours, more than 10 days, of twin earthquakes in southern Türkiye https://t.co/liI9btIFhL pic.twitter.com/40NQU8WSZY

— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 16, 2023

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *