[ВИДЕО] Неодоливиот начин на кој оваа мачка бара храна во Истанбул стана апсолутен хит на интернет

Уличните мачки во Истанбул имаат посебен статус, а во нивното друштво уживаат и локалните жители и туристите.

Со оглед на тоа дека мачките се многу интелигентни и знаат да се умилкуваат, некои од нив достигнале ниво на кое многу учтиво им приоѓаат на луѓето во рестораните и бараат од нив да јадат.

Неодамна, едно мачка стана хит поради начинот на кој му пришла на еден маж кој јадел во ресторан. На видеото се гледа како таа му приоѓа одзади, со шепата го допира по раката и бара да го подели неговиот оброк со неа.

Мажот, се разбира, се согласил на тоа, а видеото кое е објавено пред 2 дена на „X“ има над 4 милиони прегледи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ