Четврток, 12 ноември 2026 четврток, 12 ноември Струга 15°C Струга 15°C Пријави вест
Спорт

ВИДЕО: Нурмагомедов му удри шлаканица на Двалишвили, па избувна масовна тепачка!

Објавено: · 1 мин читање
ВИДЕО: Нурмагомедов му удри шлаканица на Двалишвили, па избувна масовна тепачка!

На социјалните мрежи се појавија снимки од физичка пресметка во која учествувале UFC-борецот Мераб Двалишвили и Усман Нурмагомедов. Според Gol.hr, инцидентот започнал кога Нурмагомедов му пришол на Двалишвили одзади и му удрил шлаканица додека тој давал интервју.


Потоа избила тепачка со повеќе учесници. Порталот наведува дека Двалишвили и негов пријател се нашле спроти приближно десет лица од придружбата на дагестанскиот борец.

Во пресметката, пријателот на Двалишвили наводно соборил двајца од напаѓачите.
Обезбедувањето интервенирало, но не успеало веднаш да ги раздвои учесниците. Дополнителна снимка од прекинатото интервју споделил и борецот Илија Топурија.

Двете видеа го прикажуваат почетокот и понатамошното разгорување на инциденто.