Видео:Воен авион принудно слета во Турција, објавена е драматична снимка

На социјалните мрежи денеска се прошири драматично видео од турскиот воен транспортен авион од типот C-160. Како што објавил новинарот Раџип Сојлу на мрежата Х, турскиот авион принудно слетал поради дефект.

Сојлу наведува дека дефектот се случил веднаш по неговото полетување во градот Кајсери во централниот дел на Турција, југоисточно од главниот град Анкара.

На видеото се гледа како авионот лета ниско, над фреквентен пат.

Турското министерство за одбрана потоа објави дека авионот бил само полесно оштетен при принудното слетување.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ