Владата на Црна Гора во технички мандат на денешната седница потврди дека пописот ќе биде спроведен од 1 до 15 ноември.
Црногорскиот министер за финансии Александар Дамјановиќ претходно, коментирајќи ја предлог – уредбата за утврдување период на спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите и референтниот момент на пописот, рече дека Монстат го предложил периодот од 1 до 15 ноември како соодветен период за спроведување на пописот.
„Мислам дека е во ред оваа обврска да се спроведе, доколку околностите дозволуваат, до крајот на годината“, рече премиерот Дритан Абазовиќ и потсети дека последниот попис во Црна Гора се одржал во 2011 година.