Во Дебар одржано 15-тото издание на Фестивалот РАДИКА ФЕСТ 2024

Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика-Фест 2024 пред преполна публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, го одржа своето 15-то издание.

На самиот почеток на фестивалот поздравен збор зеде Зинче Мимидиноски, директор на фестивалот Радика Фест 2023 кој ги поздрави присутните гости а на учесниците им посака многу успех.

На фестивалот настапија околу 40 деца од Дебар и дебарско, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и  Охрид кои изведоа 16 нови авторски композиции.

 Стручното жири на фестивалот во состав Меџит Муслиовски, Емин Мемишоски, Неџат Мимидиноски, Филип Василевски и Алберт Салиу доделија награди од стручното жири, награди за најдобар вокал, награди за најдобар сценски настап, награда од публиката, награда за најдобар дебитант, за најдобар дует, Бест талент и Бест хит.

 Победник на Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика-Фест 2024 е Мелда Кадри од Дебар која ја испеа прекрасната песничката Рок ен Рол за која музиката за напиша композиторот Зинче Мимидиноски, текст Лила Тодоровска, Аранжман Јовица Каралиевски. Нејзиниот магичен настап со прекрасна интерпретација и уште поубавиот сценски настап ги воодушеви присутните посетители.

Наградата од публиката ја освои Надија Нурединоска од с.Д. Косоврасти,

Наградата за најдобар вокал ја доби Елина Смајлоска од Боровец,

Наградата за најдобар сценски настап ја доби Ада Кадриоска од Струга,

Наградата за најдобар дебитант ја доби Берна Фејзули од општина Маврово-Ростуше поточно од Ростуше,

Наградата Бест талент ја доби Бида Оручоска

Наградата БЕСТ ХИТ ја доби Нела Беќировска.

 Гости во програмата на фестивалот беа младите играорци од ГАКУД Браќа Ѓиноски од Гостивар.

Директорот на фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика Фест 2024 година господинот Зинче Мимидиноски уште еднаш се заблагодари за финансиската поддршка од Министерството за Култура на република Северна Македонија, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, Општина Маврово-Ростуше, МЦМС, Дебарски Бањи Цапа Дебар како и на поддршка на Центарот за ултура Дебар каде уште од 2010 година е и самото седиштето на фестивалот Радика Фест.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ