Во Израел насилно задушени протестите на опозицијата против судските реформи

Во Тел Авив избија судири меѓу полицијата и демонстрантите против судските реформи што Владата сака да ги спроведе, а кои тие ги сметаат за антидемократски, откако два спорни нацрт-закони го поминаа своето прво читање во Парламентот.

На протестите во Тел Авив против реформите, поради кои беше запрен сообраќајот на неколку патишта, полицијата употреби водени топови и шок-бомби.

Полицајци се обидоа да ја растераат толпата. Полицијата во соопштението наведе дека уапсила 39 лица поради нарушување на јавниот ред и мир.

Единаесет повредени демонстранти се примени во болницата „Ичилов“ во Тел Авив, изјави портпаролот на таа институција.

„Тука сум за демократија, човекови права и правда“, рече Јохан Канал, 39-годишен демонстрант.

„Правото на протест не е право да се блокира земјата“, одговори премиерот Бенјамин Нетанјаху синоќа на прес-конференција во Ерусалим.

Демонстрантите, рече тој, ја преминале „црвената линија“. „Суверена земја не може да толерира анархија“, додаде Нетанјаху.

Тој претходно вчера им дал поддршка на полицајците.

Новите протести се случуваат во време кога израелскиот Парламент (Кнесет) на пленарна седница истиот ден го одобри во прво читање новиот закон како дел од судските реформи објавени на почетокот на јануари од Владата што Бенјамин Нетанјаху ја формираше во декември. со екстремно десничарски и еврејски ултраортодоксни партии.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ