ВО ИЗРАЕЛСКИОТ НАПАД НА БЕЈРУТ: Најмалку 11 лица загинаа, 48 се ранети

Најмалку 11 лица загинаа, а 48 се ранети во вечерашното бомбардирање на две населби во либанскиот главен град Бејрут од страна на израелските сили, соопшти либанското Министерство за здравство на мрежата Х.

Неименуван либански извор изјави за Ројтерс дека Израелците целеле најмалку еден висок функционер на Хезболах, иако јужното предградие Дахија, кое е наводно упориште на милитантите, не било погодено.

Според Ал Џезира, во нападот биле погодени густонаселени станбени области во населбите Рас ал Наба и Ал Нувејри, а во пожар биле зафатени и две станбени згради.

Многу жители ги напуштија своите станови во високи згради во овие области и се собираат во дворовите додека службите за итни случаи брзаат на местото на настанот, според катарската телевизија.

Во одвоен израелски напад на источен Либан, најмалку четири лица загинаа, а 18 се ранети, објави спасувачкиот тим.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ