Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека запленила 700 килограми кокаин во вредност од над 2,5 милијарди рубљи, кој бил прошверцуван од една латиноамериканска земја со намера да биде префрлен во Европската унија.
Федералната служба за безбедност спречила обид на меѓународна криминална група да ја искористи руската територија за транзит и продажба на дрога, се вели во соопштението.
Идентификувани се тројца странски државјани, двајца Колумбијци и еден државјанин на ЕУ, кои отпатувале во Русија поради шверц на дрога, прецизира ФСБ и наведува дека кај нив биле пронајдени 699 килограми кокаин во вредност од над 2,5 милијарди рубљи (околу 28 милиони евра).