На адресата на Европската комисија пристигнале две заканувачки пораки за експлозии на руски јазик, за што била информирана и полицијата во Брисел.
-Во мејлот се наведува дека експлозиите ќе се случат денеска, пишува Bruxelles Times.
Американската амбасада соопшти и дека упатила итно предупредување до граѓаните, од каде се бара да избегнуваат гужви, да се трудат да бидат незабележителни, како и да ги следат локалните медиуми и да се информираат.
Bruxelles Times наведува дека на социјалните мрежи кружат непроверени информации за потенцијален терористички напад на метро линиите 2 и 6 во Брисел.
🔴 STAY SAFE #Brussels #Bruxelles pic.twitter.com/eLlVBUI4uQ
— Nicolás Fuster ⭐️⭐️⭐️ (@mellamonicolas) March 8, 2023