Недела, 8 ноември 2026 недела, 8 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Земјотрес на Филипините, нема информации за жртви

Објавено: · 1 мин читање
Земјотрес на Филипините, нема информации за жртви

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините во текот на ноќта, соопшти Сеизмолошкиот институт USGS, додавајќи дека нема извештаи за жртви или материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, на 11 километри од најблиското село на островот Масбате.

Не се издадени предупредувања за цунами.

Филипинската сеизмолошка служба соопшти дека регистрирала повеќе од 80 последователни потреси.