Драма во Мармарис: Полицијата фати инвеститор од Кахраманмараш кој се обидел да бега со чамец

Турската полиција уапси во Мармарис еден од инвеститорите кои граделе во областа Кахраманмараш, која минатата недела беше погодена од разорни земјотреси.

Како што пренесуваат локалните медиуми, инвеститорот бил фатен во моментот кога се обидувал да избега од земјата со чамец.

Во моментов не се знае каде градел уапсениот инвеститор.

Во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари, само во таа земја загинаа повеќе од 35.000 луѓе. Повеќе од 10.000 објекти се урнати до темел, а најмалку исто толку ќе треба насилно да се урнат бидејќи објектите се непогодни за живот.

Турската полиција изминатите денови уапси инвеститори и изведувачи, кои се сомничат дека поради несовесно работење при изградбата предизвикале уривање на зградите.

Туркие утрово ја погоди уште еден силен земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *