Со положување свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во центарот на Струга, денеска свечено беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација.
На одбележувањето присуствуваа заменик-министерот за правда Ален Деребан, градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура, претставници на Советот на Општина Струга, Сојузот на борците, Армијата, политички партии, пензионери и граѓани.
Присутните им оддадоа почит на борците кои ги положиле своите животи за слободата на Струга и за идните генерации.
Во своето обраќање, заменик-министерот Деребан ја истакна важноста од постојаното зачувување на слободата, нагласувајќи дека таа не треба да се смета за нешто што е трајно загарантирано, туку за вредност што бара секојдневна посветеност.
Од Општина Струга порачаа дека овој значаен датум претставува потсетување на храброста, пожртвуваноста и историската борба на сите оние кои придонеле за ослободувањето на градот.
Беше нагласена и потребата од зачувување на историското сеќавање, меѓусебното почитување, единството и соживотот.




