Земјотрес регистиран во Скопје

елеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, после полноќ на 04.05.2024 година во 01 часот и 39 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда M L 1.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

ОСТАНАТИ ВЕСТИ